Заев за случајот во охридската болница: Ќе се превземат конкретни чекори за да не се повтори истото

од Берта Китинска
265 прегледи

Премиерот Зоран Заев за случајот со  охридската болница каде вработен се вакцинирал против Ковид-19, иако не бил ниту лекар, ниту здравствен работник, посочи дека ќе се преземат конкретни мерки со цел да не се повторат вакви случаи.

„Вчера се објави и осуда од министерот за здравство Венко Филипче за случајот кој се појавил во Охрид, се работи за секретарот/правникот во болницата што веројатно со директорот во ковид центарот во Охрид е постојано во комуникација, но прекршокот е во тоа што е надвор од планот за вакцинација. Верувам дека ќе се преземат конретни чекори за да не се повторат вакви случаи и да се оди сторо по протоколот кој е објавен јавно од МЗ“, порача Заев.

 

Слични содржини