Мицкоски: Нашиот јазик е нападнат, но не можам да им се лутам на Грција и Бугарија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
179 прегледи

„Нашиот јазик е нападнат, затоа што е нападнат идентитетот. А се што треба да направиме е да слушаме што кажуваа мудрите луѓе, што пишуваше Конески“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешниот негов говор, пред настан на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во чест на меѓународниот денот на мајчиниот јазикот.

„Секогаш треба да реагираме на ширењето на невистини и да го запознаваме светот со историските реалности. Меѓутоа, најефикасна реакција ќе биде нашето почитување на сопствената традиција и сопствените постигања на јазичкото поле. Ние не располагаме со комоција, за да си допуштаме во тој однос лекомислености. Ниту пак поделби. Ја немаме ниту комоцијата повеќе да дозволиме Влада која евтино ќе продава тоа што е скапо стекнато. Со животи, крв и страдања напишано.

Се‘ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште. А ова огниште е на сите, и верувајте ми има место за сите.

Во самиот почеток на 20 век, Kрсте Петков Мисирков прави целосен и промислен проект за кодификација на нашиот литературен јазик. Меѓу двете Светски војни и НОБ, но ден денешен се пишува тогаш, се разбира илегално, еден антифашистички манифест на македонски јазик. На тој јазик на обесправен мал народ и не можеше тогаш да се прогласи нешто друго освен слободарски збор. Упорно го премолчуваат тоа оние што негирајќи ја македонската национална индивидуалност, сакаат да создадат впечаток дека македонскиот литературен јазик нема свои историски корени и дека е тој само продукт на некаква политичка комбинаторика – пишува Kонески.

Но, јас не можам да се лутам на соседите, на Бугарија или Грција колку што вината е на првиот човек на нашата влада во Македонија кој на пазарџиски кантар стави се што за нас е свето“, вели Мицкоски.