Усогласеноста на С. Македонија со надворешната политика на ЕУ е 94%, реагираат од МНР

од Vladimir Zorba
191 прегледи

„Поради појавените информации во јавноста за усогласеноста на Република Северна Македонија со надворешната и безбедносна политика на Европската Унија, сакаме да информираме дека усогласеноста на Република Северна Македонија кон ставовите, декларациите и мерките на Европската Унија изнесува 94 проценти“, реагираат од министерството за надворешни работи, по изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева дека усогласеноста на Македонија со политиките на ЕУ била под 50 проценти, што е многу малку.

„Само во последната третина од 2020 година (периодот септември – декември 2020 година), Република Северна Македонија се има придружено на над 40 декларации на Европската Унија. Оваа практика продолжува и во првиот квартал на 2021 година. Во моментов, во рамките на Министерството за надворешни работи се разгледува можноста за имплементација на политики со кои поскоро ќе се постигне целосна, или 100% стапка на усогласеност со политиката на ЕУ, наведуваат од македонското МНР.

Во истата насока, покрај надворешната и безбедносна политка, во рамките на процесот на Стабилизација и Асоцијација, Република Северна Македонија веќе има усогласено околу 30% од европското аки (acquis), ниво на усогласеност на домашното законодавство по кое земјава стои рамо до рамо и со останатите земји од регионот кои веќе подолго време преговараат.

„Стратешка цел на Република Северна Македонија претставува полноправното членство во Европската Унија, и поради тоа, севкупниот процес на усогласеноста со политиките, правилата, стандардите и вредностите на Европската Унија претставува највисок државен приоритет“, се додава во реакцијата на министерството.

Слични содржини