326
Само неколку дена откако објави дека сите негови автомобили ќе бидат електрични од 2030 година, Jaguar Land Rover најави намалување на 2.000 работни места, пренесува Ројтерс.
„Работите веќе започнаа да се движат за Tata Motors и JLR“, рече Басудеб Банерџи, аналитичар во Ambit Capital Pvt во Мумбаи.
„Понатамошните иницијативи за намалување на трошоците ќе помогнат“, додава тој.
Jaguar Land Rover, сопственост на индискиот конгломерат Tata, се надева дека планот ќе придонесе за решавање на кризата и закрепнување на пазарот на 86-години стариот бренд луксузни автомобили – Jaguar.