Полицијата вчера попладнето не успеала да го најде Сашо Мијалков на адресата во комплексот Панорама на Водно за да му го врачи решението за куќен притвор кое според информациите било донесено од скопскиот кривичен суд.
Полициски патроли кои требале да му го достават решението биле пред неговиот дом, додека други полициски службеници проверуваа други бизнис локации поврзани со екс началникот на УБК, како и во зградата кај Домот за деца без родители, каде Мијалков исто така има стан.
Пред неговата зграда на Водно имало и екипи на Единицата за брзо распоредување.
Засега МВР не се огласува по повод потрагата за екс директорот на УБК.
Во петокот, првообвинетиот си замина како слободен човек од Основниот кривичен суд, бидејќи додека траеше давањето на завршите зборови на одбраната, не беше поднесен предлог за куќен притвор за никој од групата обвинети за за масовното прислушување во „Тврдина-Таргет“. На 26 февруари треба да се изрече пресудата за Сашо Мијалков, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување.