Хоџа за „Локално“: Кога ќе добијам писмена потврда од ДКСК, ќе постапам по нивните укажувања

302 прегледи

Во разговор за „Локално“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, посочи дека ќе постапи по укажувањата од Државната комисија за спречување на корупција.

Имено, утринава по сведочењето за случајот „Титаник“, претседателот на Владата, Зоран Заев посочи дека министерот Хоџа,  ќе понесе одговорност и ќе прифати санкција ако е потребно.

„Не знам за кој предмет точно станува збор, по претпоставка дека е предметот каде сум прекршил наводно член со поставувањето на мојата сопруга за управител на семејниот бизнис. Јас се уште на писмено немам ништо добиено, а кога ќе добијам и видам за што точно станува збор, ќе преземам одговорност и ќе постапам по укажувањата на ДКСК“, истакна Хоџа за „Локално“.

Слични содржини