Во досегашната статистика се запишаа 1040 здравствени работници кои ја примија вакцината против Ковид 19. Кај мал дел од нив се јавија реакции, како болки или благо зголемена телесна температура, посочија од Министерството за здравство, а пренесе МИА.
„Сите вакцини се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата „vakcinacija.mk” реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација“, информираа од Министерството за здравство.
Имунизацијата се одвива во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје, а се врши со 4680 од предвидените 8000 дози вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.
До крајот на неделава се очекуваат и 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Државата ќе порача дополнителни 100.000 вакцини „Спутник“, со што би се надополнил севкупниот план за вакцинација. Оваа недела се очекуваат и првите информации за вакцините од Европската Унија, од директниот договор со „Фајзер“ и од Ковакс механизмот. тничка, политичка и верска припадност.