Давидовиќ: Обвинителството потфрли околу бегството на Мијалков

од Nikola Popovski
258 прегледи

„Не е првпат институцијата да ја префрли топката еден на друг. Треба да се знаат ингеренциите и надлежностите на органите кои функционираат . Во овој случај МВР е орган кој ги гарантира основните човекови права и слободи. Се додека нема правосилна судска пресуда или судско решение за нечиво приведување, МВР не може никого да приведе или да ги ограничи основните права и слободи“, вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ за емисијата „24 анализа“ во врска со бегството на поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков.

Според него, кога во петокот имале завршни зборови за предметот „Таргет-Тврдина“ во кој беа обвинети конкретните лица, а обвинителството не побарало други мерки и дури во неделата го доставиле решението за куќен притвор, очигледно е кој потфрлил во овој случај.

„Ова само покажува дека реформите на обвинителството и судството се исклучително потребни, но не шминкерски, туку коренити промени“, вели Давидовиќ.

Слични содржини