Водителка на популарниот квиз остана во шок откако натпреварувач започнал да фрла сè околу себе откако изгуби бод.
Програмата била емитувана во живо, па водителката била изненадена, како и сите во студиото. Иако се обиде да се опорави, неколку моменти подоцна го замолила режисерот да пушта реклами, што и го сториле.
Сето тоа се случило во исландската телевизиска емисија „Гету Бетур“, што значи „Погоди подобро“. Два тима ученици од средно училиште или колеџ се натпреваруваат во квизот, но никој не ни помислувал дека некој од нив може да реагира на точниот одговор на спротивната екипа.
Ова дивеење во студиото стана хит на социјалните мрежи, а на видеото се гледа како натпреварувачот најпрво фрла чаша вода, а потоа го сруши пултот, по што го напушта студиото.
Гледачите коментираат колку ќе биде тешко да се надмине оваа епизода во поглед на гледаноста.