Русковска за бегството на Мијалков:: Пропусти има страшно е што ова ни се повтори

од Берта Китинска
327 прегледи

Откако добив информација дека е можно бегство, се слушнав со министерот Оливер Спасовски и тој ми кажа дека ќе ги провери сознанијата што сум ги добила. Потоа ми се јави министерот и ме замоли тоа што му го кажав телефонски да го му го доставам на писмено. Така и направив, рече Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, во 360 Степени, објаснувајќи ги превземените дејства  на Обвинителството пред бегството на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Русковска вели дека страшно е што повторно ни се случува бегство.

-Пропусти има и мене апсолутно ми е лично, како мене, не како обвинител не како човек, ми е страшно што ова ни се повтори. И од тие причини бев толку ангажирана и во саботата и во неделата за да не ни се повтори тоа. Така да… е страшно што постојано ни се повторува, изјави Русковска.

 

Слични содржини