Сопругата на Ел Чапо уапсена поради трговија со дрога

од Nikola Popovski
286 прегледи

Сопругата на Хоакин Гузман Лоер Ел Чапо, водачот на мексиканскиот наркокартел од Синалоа, е уапсена вечерва во Вирџинија, САД, под обвинение за трговија со дрога, соопшти Министерството за правда на САД.

Ема Коронел Аиспуро (31), која има американско и мексиканско државјанство, е уапсена на меѓународниот аеродром во Далас и треба да се појави пред федералниот суд во областа Колумбија во вторник, но сето тоа ќе се направи преку видео врска.

Аиспуро е обвинета за вмешаност во дистрибуција на кокаин, метамфетамин, хероин и марихуана во САД, а наводно се здружила со уште неколку лица за да му помогне на Ел Чапо да избега од затворот Алтиплано во Мексико на 11 јули 2015 година.

Таа веќе беше уапсена во Мексико, во јануари 2016 година, под сомнение дека планира да помогне во уште едно бегство на нејзиниот сопруг, пред тој да биде испорачан во Америка во 2017 година.

Ел Чапо издржува затворска казна во САД, откако судот во источниот округ на Њујорк го осуди на доживотен затвор.

Слични содржини