336
По објавувањето на пресудата во случајот „Монструм“, коментирајќи ја пресудата за зсебе, обвинетиот Фејзи Азири посочи дека има докази за нарачателите и организаторите на петкратното убиство на Смилковско езеро.
Како што посочи во своето излагање, тој побара јавниот обвинител, Љубомир Јовевски, како и обвинителката за организиран криминал, Вилма Русковска, да го посетат во затворот со цел да им ги предаде доказните материјали за претходно изнесеното.
На крајот додаде и дека им дава рок од 10 дена пред истите докази да ги објави во јавноста. Во своето излагање тој посочи и дека е жртва на „Луи Витон“ куферот, кој вели ја диригира правдата во С.Македонија.