Релативно неодамна вакциниран против ковид-19, милијардерот и коосновач на Мајкрософт, Бил Гејтс, откри за ЕЛ Паис некои од неговите ставови поврзани со постпандемискиот свет.
Тој вели дека најдраматичните ефекти од пандемијата во голема мера ќе преовладуваат во следната година и дека работите нема да се вратат во нормала дури следното лето, под услов да се вакцинираат најмалку 70% од населението.
Неговата фондација, која ја води заедно со неговата сопруга Мелинда, одвои 1,75 милијарди долари за истражување и медицински материјали во борбата против короната.
Новинарката Монсерат Домингез го праша и што мисли за движењата против вакцините и се почестите протести на социјалните мрежи?
– Проблемот станува многу сериозен ако ваквите приказни ги натераат луѓето да веруваат дека носењето маска или вакцина не е важно. И покрај тажната година за нас, и овие денови, можеме да користиме иновации за добри цели што ја виделе светлината на денот, како што е техниката на РНК – наведува Гејтс.