Костадинов: Мицкоски е дете на Груевски и Мијалков, тие го поставија за да ги брани нивните криминали

од Берта Китинска
246 прегледи

Очекуваме надлежните институции да го пронајдат Сашо Мијалков и да постапат по судската наредба.Одговорност за бегството мора да има и секако ќе има. Ама тоа нема никаква врска со детето на Мијалков и Груевски, Христијан Мицкоски, вели портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој вели дека Мицкоски три години со сите сили правел се за да ја попречи правдата.

-Истиот Мицкоски кој работеше против носењето на Законот за јавно обвинителство, човек кој предметите на Специјалното јавно обвинителство ги квалификуваше како „политички прогон“.А, токму во тие предмети се обвинети Сашо Мијалков и Никола Груевски, но и Орце Камчев. Предмети има и за Антонијо Милошоски ама и за Игор Јанушев….Така ги бранеше сите овие лично Мицкоски. За овие арамии може да зборува Мицкоски да.Тоа е Христијан, детето на Мијалков и Груевски. Токму тие го поставија на чело на ВМРО-ДПМНЕ и затоа повеќе од три години Мицкоски работи во нивна заштита, против правдата и законите, вели Костадинов.

Тој додаде дека Сашо Мијалков е олицетворение на криминалиот режим на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини