Вознемирувачко видео од убиството во Врање: Марјан седи со Сара на маса, а потоа ладнокрвно пука кон неа

од Nikola Popovski
642 прегледи

Пред три дена Марјан Стаменковиќ (47) испукал 6 куршуми од пиштол кон Сара Асановиќ (27) на бензинска пумпа во Врање, а таа седела на само неколку метри од него, на истата маса, за што сведочи и видеото што се појави во јавноста.

На објавеното видео кое можете да го погледнете ОВДЕ, можете да го видите Марјан како седи на маса со Сара и друг маж. Тој ѝ покажува нешто на телефон, а потоа станува и по неколку секунди, вади пиштол од внатрешниот џеб на јакната и ладнокрвно испукува 6 куршуми кон неа. Несреќната девојка починала на самото место.

Да потсетиме, резултатите од обдукцијата на телото на Сара Асановиќ, која беше убиена во саботата, покажаа дека првите претпоставки од истрагата биле точни – дека убиецот Марјан Стаменковиќ, кој синоќа си го одзеде животот за време на полицијата операција, испукал шест куршуми кон неа.

Убиецот на Сара претходно бил затворен за убиство. Му се судело и во друг случај за обид за убиство на неговата поранешна девојка, што се случило пред 14 години.

Слични содржини