Да се биде „сингл“ има многу позитивни страни и може да биде многу забавно, особено кога сме млади и имаме многу пријатели кои исто така не се во врска. Сепак, секој достигнува одредена точка во животот кога ќе сфати дека да се биде слободен ги има и оние помалку убави страни и дека на крајот на денот би било убаво да имате некој покрај вас.
Превисоки критериуми
Една од најочигледните причини зошто не можете да го најдете идеалниот партнер е тоа што можеби сте премногу строги кон оние што се обидуваат да ве придобијат. Колку сте постари, толку повисоки стануваат вашите критериуми, но факт е дека совршен човек не постои. Не е важно дали е убав, богат, успешен или паметен. Важно е тој да е со вас кога ви е тешко, да ве насмее и да ја пронајдете во него најважната работа – вашиот најдобар пријател.
Страдање по поранешните
Ако неодамна сте излегле од врска и сте поминале низ љубовен бродолом поради тоа, можно е сè уште да не сте се опоравиле и сè уште копнеете по поранешниот партнер, така што другите немаат шанса. Ако сте во таа „состојба“, тогаш многу е веројатно дека ќе останете без партнер.
Немате време за нови познанства
Живеете со забрзано темпо, имате високи цели и сте посветени на својата кариера. Во овој момент нема место за нов партнер во вашиот живот. Ако сакате да пронајдете партнер, време е малку да ги подредите приоритетите.