Менди Мур стана мајка, го објави и името на бебето (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Менди Мур и нејзиниот сопруг Тејлор Голдсмит станаа родители на момче на кое му го дадоа името Аугуст Харисон. Иако имаше многу тежок период во животот поради поранешниот сопруг Рајан Адамс, пејачката и актерка среќата ја најдоа во нејзиниот втор брак, во кој се исполни во најубавата улога во нејзиниот живот.

Американската пејачка и актерка ја сподели добрата вест со своите фанови преку Инстаграм.

„Гас е со нас. Нашето слатко момче, Аугуст Харисон Голдсмит. Тој беше точен и пристигна точно на време во својот термин, на големо задоволство на своите родители. Бевме подготвени да се за вљубиме на сите начини, но ова надминува се што можеме да замислиме“, напиша 36-годишната Менди под фотографијата од своето бебе.

Слични содржини