Со случајот на Сашо Мијалков, најмногу изгуби народот и сметам дека по овој настан луѓето се ќе прифаќаат со мајтапење, изјави Петар Богојески од „Македонски концепт“ во емисијата 24 Анализа.
-По случајот со Мијалков сите добија освен народ, а најмногу доби Христијан Мицкоски јас одговорно го кажува ова . Не постои никаква поделба во партијата помеѓу Мицкоски и Мијалков. Тој е фингиран судир со цел каменот на началникот да се стави на вратот на Заев, а да се ослободи опозицијата. Сметам дека Мијалков доби нови услови за негово предавање и судење, понуда која не може да се одбие, доби и Заев што не успеа да спречи нова структура во опозицијата која не треба да биде во судир со никого во опозицијата, туку треба да создаде здрава опозиција и на тој начин Заев го спаси Мицкоски.Се додека Мицкоски е лидер на опозицијата, тој е безбеден премиер, вели Богојески.