386
Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) објави дека на крајот на март ќе воведе таканаречени пасоши за патувања Ковид-19, како и дигитален систем за резултати од тестови и сертификати за вакцинација, што ќе го олесни меѓународното патување.
Од здружението велат дека е потребно владите да започнат со издавање на дигитални сертификати за вакцинација на граѓаните, кои можат да бидат внесени во нивниот патен документ, пренесува Ројтерс.