Потребни се попишувачи кои ќе се пријават на јавен, отворен, транспарентен и државен повик.Ги повикуваме и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го споделат овој повик и сите следни повици поврзани со пописот, стои во рекацијата на СДСМ по објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека објавениот оглас за државни попишувачи е фалсификат.
СДСМ ги повикува сите граѓани, заедници и партии да се вклучат во споделување на повикот за попишувачи објавен од Државниот завод за статистика.
-Конечно, Мицкоски и ДПМНЕ да се откажат од блокадите, да ги повикаат граѓаните да се попишат, наместо да коваат планови за бојкот за кои и самите знаат дека нема да им успеат.Огласот е државен, секој има право да се пријави, секој може и треба да го промовира, стои во соопштението на СДСМ.