Следниот Lenovo Legion пристигнува на пролет

од Берта Китинска
428 прегледи

Lenovo навести за својот нов гејмерски телефон на социјалната мрежа Weibo. Самиот „тизер“ само открива дека ладењето ќе биде главната карактеристика на уредот и дека телефонот ќе биде дел од линијата Legion.

Чен Џин, генерален директор на Lenovo, во најавата посочи дека телефонот ќе се карактеризира со голем број функции и дека нема да штеди на ништо со цел да се постигне ултимативно гејминг искуство. Тој, исто така, вети дека ќе го објави телефонот на пролет.

Претстојниот телефон се очекува да биде Lenovo Legion Pro 2, со чипсет Snapdragon 888, RAM меморија до 16 GB и некакво активно ладење.

Ако претходниот Legion Pro е репер, неговиот наследник треба да има капацитет на батерија од најмалку 5000mAh, како и AMOLED екран со брзина на освежување од 144hhz.

Слични содржини