Данска студија покажа дека луѓето заразени со британскиот вид на корона имаат 64 проценти поголема веројатност да бидат хоспитализирани, соопшти денеска државниот институт Серим.
Од 2.155 лица заразени со опасниот вид Б.1.1.7, 128 се хоспитализирани, што е за 64% повеќе од заразените со другите видови, се вели во студијата.
Резултатите од студијата се слични на резултатите направени во Велика Британија на почетокот на овој месец, додаде институтот.
Британскиот вид стана доминантен во Данска минатата недела и отпаѓа на две третини од новите случаи на Ковид-19, во споредба со помалку од пет проценти, колку беа на почетокот на годината.
Данска моментално е лидер во секвенционирањето на геномот, што се користи за анализа на генетскиот материјал на коронавирусот, за да се утврдат варијантите.