239
По повод донацијата од Стопанска банка за поликлиниката Букурешт, министерот Венко Филипче кој беше присутен таму изрази благоданост до директорот на Банката, кој како што вели оваа компанија е општествено одговорна од почетокот на кризата.
„Вчера владата ме овласти да го потпишам договорот за руската вакцина. Станува збор за количина од 100.000 дози и ќе се обидеме сега да добиеме конкретни одговори за тоа коа ќе пристигнат. Дополнителни документи и секојдневната размена на информации, се причини поради тоа што не се пристигнати очекуваните кинески и вакцините на Фазјер во земјава“, истакна Филипче во одговор на новинарско прашање за дозите вакцини кои веќе се очекуваат да пристигнат во земјава.