Разбојници го убиле чуварот и ги киднапирале кучињата на Лејди Гага

од Stefanija Kuzmanovska
315 прегледи

Додека поп-sвездата Лејди Гага е во Рим, каде го снима својот нов филм „Гучи“, синоќа се случила вистинска драма покрај нејзината вила во Малибу. Нејзиниот чувар и шетач на кучиња бил убиени, а две од трите француски булдози со кои пејачката живее со години беа киднапирани.

Чуварот бил застрелан двапати. Бил пренесен во болницата, но во меѓувреме, за жал, починал.

Според „Ен-Би-Си ЛА“, Коџи и Густав, две од кучињата на Лејди Гага биле киднапирани, а Азија, третото куче, успеала да избега, а полицијата во меѓувреме ја пронашла.

Станува збор за двајца разбојници засега непознати за полицијата.

Поп-sвездата сè уште не се огласи по овој повод.

Слични содржини