Во клиничките испитувања, Фајзер и Модерна покажаа дека нивните вакцини спречуваат тешка форма на Ковид 19, но не тестираа дали вакцините спречуваат асимптоматски случаи.
Без намалување на асимптоматски случаи, тешко е да се запре преносот на коронавирус од личност на личност.
„Имаше некои студии кои дадоа охрабрувачки резултати“, рече Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести.
Прелиминарните истражувања од Израел покажаа дека луѓето кои добиле Ковид-19, и покрај тоа што биле вакцинирани, имале дури четири пати помалку вирус во нивните тела 12 дена по вакцинирањето. Намаленото вирусно оптоварување е поврзано со помала стапка на пренесување.
Истражувањата покажуваат дека колку повеќе вирусни честички има лицето во устата и носот, толку е поголема веројатноста да го пренесат коронавирусот на други.
„Со други зборови, поголемо вирусно оптоварување, добра преносливост, мало вирусно оптоварување, многу слаба преносливост“, рече Фаучи.
Со цел да се утврди дали вакцините навистина го намалуваат ширењето, клучно е да се утврди дали вакцините спречуваат асимптоматски случаи на КОВИД-19.
Вакцината треба да го намали пренесувањето, ако може да се осигури дека дури и оние кои добиваат коронавирус по вакцинирањето, без разлика дали се симптоматски или асимптоматски, имаат помало вирусно оптоварување отколку што би било случај.
Една нова студија од Израел сугерира дека вакцината Фајзер ги намалува асимптоматските случаи за 89 проценти. Слично на тоа, прелиминарната студија објавена во „Лансет“ открива дека вакцината Фајзер е најмалку 85 проценти ефикасна во спречување на каков било вид на инфекција, симптоматска или асимптоматска.
Студија од Оксфорд, која сè уште не е разгледана, покажа дека кај луѓето кои примиле само една доза, бројот на позитивни тестови за КОВИД-19 и кај симптоматските и кај асимптоматските учесници паднал за 67 проценти.