Закажан пpoтест за „Монcтpyм“, СВР со апели: Граѓаните да ги почитуваат наредбите на полицајците

од Берта Китинска
181 прегледи

Во текот на утрешниот ден закажан е протест  во Скопје поради изречените максимални казни за обвинетите во „Монструм”.

-На 26.02.2021 (петок) со почеток во 13 часот ќе се одржи најавен јавен протест кој што ќе започне во парк Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на бул. „Гоце Делчев“, Собрание на Република Северна Македонија на ул. „11-ти Октомври“ и Влада на Република Северна Македонија на бул. „Илинден“. Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:

– ул.„Х.Т.Карпош“,ул. „Џон Кенеди“, ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „ Гоце Делчев“, ул. ,,11-ти Октомври“, ул. „Васил Главинов“, бул.„ ВМРО“, бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, соопштија од МВР.

Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените лица во судскиот процес „Монструм” на неговиот фејсбук профил  објави фотографија, како плакат за протестот проследена со следниот текст: „Сите објави за протестни повици кои се слични на овој текст се прифатливи и точни информации, останатото е дезинформација”.

 

Протест имаше и по судското рочиште на кое обвинителството побара максимални казни за обвинетите лица.

И тогаш протестниот марш тргна од Чаир, а толпата беше пречекана од полицијата пред заградата на Министерството за надворешни работи за да не се дозволи протест пред зградата на Јавното обвинителство.

Слични содржини