Филипче од Собрание: Помина времето на криминални зделки во здравството

од Берта Китинска
265 прегледи

Изградбата на Клинички центар е транспарентна, помина времето на криминални зделки во здравството, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче, одговарајќи на пратеник од ВМРО ДПМНЕ, кој во Собранието постави пратеничко прашање за изградбата на новиот Клинички центар.

-Клиничкиот центар што претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ требаше да го прави беа само обични Интерни клиники и кои планирано беа да чинат 120 милиони евра. Ние сега ги реновираме за не повеќе од 1 милион евра. Договор потпишаа со компанија која после неколку месеци отиде во стечај. Нормално дека го прекинавме договорот. Нашите граѓани заслужуваат модерен и современ клинички центар и затоа ја повикувам опозицијата заедно да го сработиме овој проект. Поддржете го законот. Еднаш да покажеме дека нема разлика помеѓу власта и опозицијата кога станува збор за еден таков важен проект за граѓаните, рече Филипче.

Слични содржини