Неверојатно: „Гробарите“ во Милано со поддршка за Вељко Беливук (ФОТО)

од Nikola Popovski
608 прегледи

Навивачите на фудбалскиот клуб Партизан испратиле порака до нивните уапсени водачи Вељко Беливук и Марко Миљковиќ за време на натпреварот помеѓу Милан и Црвена Ѕвезда.

Во текот на првата половина од дуелот меѓу белградските црвено-бели и италијанските росонери, навивачите на Партизан  собрани под групата „Гробари Цирих“ се појавиле пред стадионот во Милано и испратиле порака за поддршка до Миљковиќ и Беливук.

Фотографиите објавени на страницата „south.side1970“ покажуваат група од околу 15 млади момци кои стојат пред стадионот во Милано со транспарент на кој пишува:

„Цирих испраќа поддршка, уапсени браќа, онаму каде што застанавте, продолжуваме!

На истиот профил било објавено „стори“, на која биле прикажани графити со порака „Веља и Маре се најсилни глави“, со потпис „Виенски гробари“.

Потсетуваме, Беливук и Миљковиќ беа уапсени во голема полициска акција, при што вкупно 19 лица беа лишени од слобода под сомнение дека сториле голем број кривични дела, вклучувајќи убиство, киднапирање, трговија со дрога.

Слични содржини