Сајберкриминалци ја хакирале биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, која го истражува Ковид-19, објави денеска британски „Телеграф“.
Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како „Страби“, кој го истражува Ковид-19, пренесе Ројтерс.
Универзитетот во Оксфорд не одговори веднаш на барањето за коментар, но за „Телеграф“ потврди дека „Страби“ бил мета на хакери.
„Го идентификувавме и ограничивме проблемот и сега истражуваме понатаму“, беше цитиран портпаролот на Оксфорд.