Мицкоски повикува на општествен бунт за да се сруши владата

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Радио Лидер зборуваше за целата ситуација во државата каде посочи дека потребно е да има масовен, општествен бунт во државата за да се сруши оваа влада затоа што тие и нанесоа голем срам на целата држава.

Мора општествен бунт, масовен бунат во сите сфери, здравствени работници, образовни работници, политичари, неопределени, определени партиски, за власт, за опозиција, мора овие луѓе да си заминат. Овој срам кој што овие луѓе и го нанесоа на Македонија ќе трае, рече Мицкоски.