283
Во рамки на своето излагање, министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека е под контрола ситуацијата со Ковид 19, а пред точно една година беше запишан првиот случај во земјава.
„Добро се справивме со корона вирусот. Сега сме во тренд во кој има зголемување на бројот на заразени според последните пресметки. Не можеме да бидеме сигурни дали тоа е моментално или ќе продолжи понатаму. Околу 70 отсто од новодијагностицираните се од британскиот вид на корона вирусот. Викендот ќе се анализираат ситуациите и ќе видиме дали ќе се препорачаат рестриктивни мерки. Што се однесува до пристигнувањето на кинеските вакцини, нивното доаѓање во Македонија може да се пролонгира за неколку денови“, истакна Филипче.