Дали Пашинијан е веќе поранешен премиер?

од Nikola Popovski
320 прегледи

Владата полека му се лизга од рацете на премиерот на Ерменија, Никола Пашинијан, еден ден откако армијата побара негова оставка, објави Ројтерс.

Стотици демонстранти протестираа денеска во главниот град, барајќи оставка од премиерот, а лидерите на опозицијата ја повикаа армијата на бунт против приврзаниците на Пашинијан.

Двајцата поранешни претседатели на Ерменија рекоа дека тој мора да ја напушти власта.

Пашинијан ја обвини армијата за обид за воен удар во четвртокот, откако таа побара негова оставка.

Премиерот на Ерменија е под критики од 9 ноември, откако неговите противници го обвинија дека им го предал Нагорно-Карабах на Азербејџанците со потпишување мировен договор со посредство на Русија.

Додека демонстрантите денеска побараа негова оставка, илјадници негови приврзаници се собраа во главниот град за поддршка.

Пашијан во четвртокот им рече на своите приврзаници дека го сменил Оник Гаспаријан, генералниот началник на ерменската армија, но до денес, ерменскиот претседател Армен Саркисјан не ја одобрил одлуката, но се сретнал со Гаспаријан во неговата канцеларија, без да даде детали.

Слични содржини