Обвинителството треба да каже каде потфрли системот во случајот со Сашо Мијалков, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во дневникот на Сител.
-Јавниот обвинител Љубомир Јовески најавил отворање на истрага за случајот и назначил обвинител кој ќе ги испита сите околности.Мислам дека е ред на јавното обвинителство со инструментите и информациите кои им се достапни да им ја соопштат на јавноста вистинската слика“, истакна Маричиќ.
Според него случајот треба да се води институционално, а јавното обвинителство е местото каде што треба да се заврши оваа работа.
Прашан за обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за негова одговорност во случајот со Сашо Мијалков, министерот Маричиќ одговори дека во ниту една точка не гледа причина за негова одговорност, но и дека е подготвен да разговара и да се објасни каде точно тој како министер треба да сноси одговорност.