Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денес дека Иран не може да остане неказнет. Тој денес одобри воздушни напади врз објекти во Сирија.
На прашањето каква порака испраќаат САД до Иран со воздушни напади врз Сирија, тој рече дека тоа е предупредување до Техеран „да внимава“.
„Не можете да останете неказнети. Бидете внимателни“, рече Бајден на прес-конференција по посетата на областите погодени од невремето во Тексас.
Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот врз објекти за кои Пентагон вели дека припаѓаат на проиранската полиција.
Воздушниот напад е одговор на ракетниот напад врз американски цели во Ирак, и тој беше со ограничена големина, можно е да нема ескалација, пренесува Ројтерс.
Joe's doing The West Wing episode by episode.
BBC News – Biden approves US airstrike on Iran-backed militias in Syriahttps://t.co/jVcTS2pEX9— Robert Glen (@RobertGlen3) February 26, 2021
„По наредба на претседателот Бајден, американската армија изврши воздушни напади вечерва врз инфраструктурата што ја користеа милитантните групи поддржани од Иран во источна Сирија“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Тој исто така изјави дека Бајден ќе дејствува со цел да ги заштити американските и коалициските војници.