Еден 88-годишен маж бил фатен како вози 191 км на час на рурален пат во Франција, бидејќи, како што објасни, доцнел за закажаното време за вакцинација против коронавирус, објави полицијата.
Ограничувањето на брзината на патот, по кој тој бил запрен од полицијата е 110 километри на час, објави синоќа на Фејсбук полицијата на источниот регион на Долна Рајна.
Полицијата не покажала разбирање за неговото објаснување, па му ја одзеле возачката дозвола и му го одзеле автомобилот.
„За да се осигураме дека сите се придржуваме до ограничувањата за возење, дури и ако имате возачка дозвола повеќе од 60 години“, напишала полицијата на социјалната мрежа.
„Вакцинацијата на населението постаро од 75 години трае од јануари во Франција. Оваа стратегија дава резултати, бидејќи бројот на заразени лица меѓу 80-годишници теопаѓа “, рече неодамна премиерот Жан Кастекс.