Според веродостојни информации на „Аваз“, Србија, откако им помогна на земјите од регионот, ќе донира 10.000 дози вакцини од британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ на Босна и Херцеговина.
Како што е познато, Србија, предводена од претседателот Александар Вучиќ, е лидер во Европа во заштитата на своето население, а нејзините граѓани имаат дури и опција да изберат помеѓу четири типа вакцини.
Србија веќе и помогна на Северна Македонија со обезбедување на 8.190 дози вакцини на од американската компанија „Фајзер“.
2.000 дози од руската вакцина Спутник V пристигнаа во Црна Гора, а исто толку ќе бидат донирани и од Србија во наредните денови.
Владата на Србија донираше на Република Српска 5.000 дози вакцина Спутник V за медицински работници.
Како што пишува „Аваз“, Србија очигледно сака да се експонира како регионална сила која покрај тоа што покажува неспоредлива државна ефикасност и лидерство во набавката на вакцините во најтешките услови на светската здравствена криза, покажува и лидерство во знак на солидарност со соседните граѓани и нивните жители независно на националната или верската припадност.