Судски документи откриваат зошто Ким Кардашијан поднела барање за развод од Канје Вест

од Nikola Popovski
637 прегледи

Откриени се нови детали за разводот на Ким Кардашијан и Кание Вест.

Според судските документи, ријалити sвездата ги навела „непомирливите разлики“ како причина за разводот, пренесува Фокс.

Ким исто така побара да се укине барањето за брачна поддршка, без разлика дали од нејзина страна или од страна на славниот рапер.

Во документите не е наведен датумот на нивното разделување, а исто така е потврдено дека тие имале предбрачен договор што треба да им помогне да ги избегнат проблемите околу богатството и секој да го задржи своето.

Барањето е испратено на 22 февруари, а Кардашијан е застапувана од адвокатката Лора Васер, позната по одбрана на бројни sвезди.

Минатата недела исто така било откриено дека 40-годишната ријалити ѕвезда и претприемачка сака заедничко старателство над четирите деца на двојката.

Слични содржини