Урсула фон дер Лајен ги увери лидерите на ЕУ дека ќе забрани излегување на вакцините против коронавирус од ЕУ доколку добавувачите како „АстраЗенека“ не ги испорачаат договорените количини, одговарајќи на прашања поврзани со решавање на недостигот.
Ветувањето на претседателката на Европската комисија на виртуелниот самит следеле откако лидерите излегоа со изјава во која ветуваат „забрзување со давањето на вакцини“, при што само 8% од возрасната популација примила доза во споредба со 27% во Велика Британија.
„Ако компаниите не ги исполнат своите договорни обврски, но продолжат да извезуваат, комисијата може да одлучи да го повлече потегот кон режимот на извоз“, им рече Фон дер Лајан на шефовите на држави и влади за време на приватната средба, според висок дипломатски извор цитиран од Гардијан.
Минатиот месец, ЕК спроведе шема за итно одобрување за да им овозможи на земјите-членки на ЕУ да го блокираат извозот.
Говорејќи на прес-конференција по самитот во четвртокот, Фон дер Лајен рече дека сака да види „кој каде извезува“.
„Од самиот почеток бев многу јасна дека ова не е насочено против ниту една земја, туку е насочено кон прашањето: дали компанија што извезува вакцина произведена во Европа го почитува договорот во Европската унија? Ако го погледнеме моделот, огромното мнозинство од извозот го прави Фајзер/Бионтек со околу 95%, а останатото Модерна. Дете компании го почитуваат нивниот договор, така што тоа е во ред и со нас. Разговараме со АстраЗенека, каде има простор за подобрување во однос на исполнувањето на договорот“, изјавила таа.
На самитот во четвртокот, лидерите на ЕУ се согласија дека треба да се забрза вакцинацијата, производството на вакцини и да се воведат т.н. ковид-пасоши.