Џулија Тинети (31) и Касандра Медисон (32) се запознаа во 2013 година, додека работеа во ист град. Тие немаа идеја дека можат да бидат во роднинска врска, сè додека непознати лица не ја истакнаа нивната сличност. Се покажа дека тие се родени сестри.
– Џулија го забележа доминиканското знаме на мојата рака и рече дека е усвоено таму. Ја запрев да и кажам дека и јас сум посвоена од таму. Станавме пријатели, почнавме да носиме слична облека и се забавувавме додека им кажувавме на сите дека сме сестри – рескажа Касандра.
Станаа најдобри пријатели и осум години не сфатија дека се всушност сестри. Како што слушнаа коментари за сличноста, тие почнаа да се прашуваат дали навистина се во крвно сродство, но нивните документи за посвојување воопшто не се совпаѓаа. Местото на раѓање, презиме и името на мајката биле различни.
Касандра дознала дека имала сестра кога ги посетила своите биолошки родители во Доминиканската Република. Тие и откриле дека имаат девет деца, три момчиња и шест девојчиња, но биле принудени да ја дадат на посвојување неа и Џулија, бидејќи не можат да си дозволат да издржат големо семејство.
Девојчињата тогаш решиле да направат ДНК тест, а нивните сомнежи наскоро биле потврдени, пишува Нет.хр.
Julia and I met in 2013 working at Russian Lady in New Haven, CT. Julia notices the Dominican flag on my arm and makes a…
Posted by Cassandra Raquel Madison on Thursday, 28 January 2021