Тихановскаја: Лукашенко паѓа на пролет

од Nikola Popovski
552 прегледи

Светлана Тихановскаја, кого опозицијата во Белорусија ја смета за победник на претседателските избори во 2020 година, очекува претседателот Александар Лукашенко да си даде оставка на пролет.

„Режимот на Лукашенко ќе падне оваа година. Мислам тоа ќе се случи на пролет“, рекла Тихановскаја во интервју за германски „Билд“.

„Очекуваме дека најголемата улога ќе ја има притисокот врз режимот во земјата … Се надеваме и на силен сојуз меѓу новата американска влада и ЕУ“, додаде опозиционерот.

Според нејзиното мислење, притисокот ќе се зголеми и во одреден момент ќе стане „преголем“ за Лукашенко и тој мора да си замине.

Тихановска повика на мирни протести. Таа ѝ се заблагодари на ЕУ, но се пожали на бирократијата.

„Ние сакаме поостри и побројни санкции и малку побрзи“, рекла таа.

Масовните протести на опозицијата во Белорусија започнаа на 9 август, по претседателските избори. Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи на изборите со 80,1 процент од гласовите. Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победи Светлана Тихановскаја.

Слични содржини