533
Нов шок за хрватскиот, но и регионалниот спорт. Почина Златко Крањчар.
64 годишниот тренер почина после кратка и тешка болест. Во играчката кариера Златко Крањчар беше легенда на загребски Динамо, а настапуваше уште за Рапид Виена.
Во тренерската кариера водеше повеќе клубови меѓу кои и Динамо, а во еден период беше и селектор на репрезентацијата на Хрватска.
Син на Златко Крањчар е исто така познатиот Нико Крањчар.