Заев: Ставот на Георгиевски е индивидуален, а не може ние да легнеме во 1943 како Бугари, а 1944 да се разбудиме како Македонци

335 прегледи

„Мислењето на Георгиевски е исклучиво индивидуално и негово. Ние ниту сме преговарале, ниту ќе преговараме за идентитетот и јазикот. Не е возможно да си легнете на 31.12.1943 како Бугари, а на 01.01.1944 да се разбудиме како Македонци. Ние сакаме час поскоро да најдеме решение, и да се оствари првата меѓувладина конференција“, истакна Заев во одговор на новинарско прашање за оценката и мислењето на вчерашниот став и предлог акционен план, кој лидерот на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски го образложи на својот фејсбук профил.

Во однос на тоа дали Заев ќе разговара со Георгиевски, премиерот посочи:

„Јас искомуницирав со Георгиевски уште вчера и тој разбра дека тоа не може да биде став на Владата. Мислам дека посуштински можеме да влеземе во преговорите откако ќе завршат изборите, и не би сакал да го коментирам ова прашање во предвечерието на изборите во Бугарија“

Слични содржини