128
Сите дискусии за пописот завршија минатата недела откако и Евростат верификуваше со јавна изјава дека и Законот за попис и методологијата според која се спроведува пописот се направени согласно највисоките стандарди, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ
Тој напомена дека по таа верификација сите дилеми се расчистени.
-Сите треба да имаме доверба во пописот затоа што професионално се изведува, според точно утврдени правила и стандарди со сите заштитни мерки поврзани со Ковид-19 и можеме на еден брз и ефикасен начин да го завршиме во интерес на граѓаните, потенцираше Маричиќ.