Ковид пасошите се поблизу: Европската комисија за нацртите во март

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Европската комисија во март ќе претстави предлог за формирање дигитални пасоши за вакцинираните против коронавирус, што може да им овозможи на Европејците да патуваат послободно за време на летните одмори.

Според „Ројтерс“, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, најавила дека ќе разговара за претстојниот законодавен предлог со германските конзервативни пратеници во понеделник, а таа откри неколку детали во твитовите.

„Дигиталната зелена карта ќе обезбеди доказ дека некое лице е вакцинирано, резултати од тестови за оние кои сè уште не се вакцинирани и информации за лица кои имале контакт со заразени. Целта е постепено да им се овозможи безбедно да се движат во Европската унија или во странство, за работа или туризам“, наведе таа во твитот.

Лидерите на ЕУ минатата недела се согласија да работат на потврди за вакцини, што ќе им овозможи на луѓето да влезат во јужните земји како што се Шпанија и Грција ова лето.

Слични содржини