Армијата на Мјанмар покрена ново обвинение против соборената лидерка на таа земја Аунг Сан Су Чи, јавува Anadolu Agency (AA).
Армијата ја презеде власта во Мјанмар со неодамнешниот удар, а лидерката на таа земја Су Чи е во притвор под низа обвиненија.
Локалните медиуми јавуваат дека Су Чи уште еднаш се појавила пред воениот суд по последното обвинение, кое ја товари за давање изјави кои можат да предизвикаат страв во јавноста.
Доколку биде осудена, Су Чи по тоа обвинение може да биде осудена на казна затвор до две години.
Лидерката Су Чи е обвинета, меѓу другото, и за кршење на законот за извоз и увоз и поседување на нелегално увезена полициска опрема.