Една доза од вакцината на АстраЗенека или Фајзер го намалува ризикот од хоспитализација

од Stefanija Kuzmanovska
384 прегледи

Една единечна доза од вакцината на „АстраЗенека“ или „Фајзер“/„Бионтек“ ги намалува шансите од хоспитализација за повеќе од 80 отсто, се вели во анализата спроведена во Англија.

Податоците за јавното здравство во Англија за лица над 80 години се совпаѓаат со слично „спектакуларните“ резултати во Шкотска, пренесува Би-Би-Си.

Секретарот за здравство Мет Хенкок изјави дека наодите се „многу силни“.

Тој додаде дека вакцинацијата може да објасни зошто бројот на приеми во единиците за интензивна нега поради ковид кај лица постари од 80 години во Велика Британија „се намали на едноцифрен во последните неколку недели“.

Повеќе од 20 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината против ковид во Велика Британија, или повеќе од една третина од возрасната популација.

Слични содржини