Денес во рамки на Кривичниот суд ќе се оддржи ново рочиште за „27 април“.
Овој случај се уште е во доказна постапка, а досега се слушнаа низа сведоци, меѓу кои и оние предложени од обвинетиот во предметот, Миле Јанакиески.
Во рамки на доказите, досега сведоците посочија генерално дека немало договор за протестите пред Собранието насловени „За заедничка Македонија“, и притоа не оствариле комуникација со обвинетите Јанакиески и Спиро Ристовски.
За потсетување, во овој предмет се гонат поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Истите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.