Заев: Неприфатливо останува барањето за државјанство со тројца сведоци, повикувам на дебата и издржано решение

315 прегледи

Останува неприфатливо барањето на албанската опозиција, да се издава државјанство со три сведоци на лица кои се уште имаат проблеми да се регистрираат во земјава, истакна премиерот Зоран Заев, кој меѓудругото повика на дебата со цел да се најде издржано решение.

„Сакам да се најде решение. Еве испраќам порака ова прашање кое е заедничко, заедно да го решиме. Благодарам на иницијативите од опозицијата за решавање на прашањето. Но, нека цени јавноста, здраворазумско е да не прифатиме сведоци. Мора да има доказ. А може да ги најдеме доказите, свидетелство, документ дека родителот е роден овде, па со тоа и детето кое е овде пораснато, некое остварено социјално право, пред три или пет години… Еден документ да имаме како материјален доказ, за да не им нарушиме идно право на тие кои ќе ги добијат државјанствата, односно некој да им ги доведе под знак прашалник заради сведочењето“, истакна Заев.

Како што вели Заев, тој кој одлучува и го става својот потпис на државјанството не може да го темели тоа на изјава на некакви сведоци. За да стави некој потпис, нагласи премиерот, и да одговара за тој свој потпис, мора да му дадеме аргументи.

„Волја постои. Испраќам порака да седнеме заедно. Конечниот предлог нека е на опозицијата, мнозинството ќе го гласа затоа што тие ја отвориле иницијативата“, посочи Заев.

Слични содржини