269
Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески за емисијата „24 анализа“ вели дека понудата на Георгиевски во смисла да оставиме на Бугарите самите да маркираат личности кои ќе ги прогласат за Бугари или ревидирање на македонските учебници е неприфатлива.
„Со објаснувањето на рамковната позиција во меморандумот до Брисел, Бугарија ни објави „војна“ и ги воскресна политиките на Тодор Живков и Божидар Димитров“, истакнува Богојески.
Според него, стравот на Бугарија е за отворањето на македонското прашање во Бугарија, кој е реален проблем.
„Во Бугарија живеат огромен број на население со потекло од Македонија“, вели Богојески.