Америка објави список на Руси против кои воведува санкции

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави објави список на Русите и организациите против кои Вашингтон воведува санкции поради ситуацијата со рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални.

На списокот со санкции се наоѓаат шефот на Федералната служба за безбедност на Русија Александар Бортников, првиот заменик шеф на администрацијата на рускиот претседател Сергеј Кириенко, генералниот обвинител Игор Краснов, шефот на одделот за внатрешна политика на рускиот претседател Андреј Јарин, руските заменици на министрите за одбрана Алексеј Криворучко и Павел Попов, шефот на Федералната служба за извршување санкции Александар Калашников.

Соединетите држави воведоа и рестриктивни мерки против 33-от Централен научно-истражувачки институт на Министерството за одбрана на Русија, Рускиот државен научно-истражувачки институт за органска хемија и технологија и 27-от научен центар на Министерството за одбрана на Русија.

Да потсетиме, денес Америка воведе санкции против руски официјални лица поради ситуацијата со Алексеј Навални. Соединетите држави ги засилија ограничувањата на извоз во Русија и на црната листа внесоа 14 институции. Претходно, Брисел воведе нови санкции кон Русија поради Навални.

Слични содржини